Претседателот на Советот на Општината Битола, Валентин Груевски, за денес со почеток во 10 часот ја закажа 21-та седница на Советот на Општината Битола.
Седницата ќе се одржи во салата за седници на Советот на Општината, со предлог на следниот дневен ред:
- Одлука за начинот на организирање на бесплатниот превоз на ученици во општинските основни и средни училишта со општинскиот линиски превоз на патници во Општината Битола.
- Тарифа за измена и дополнување на Тарифата за општински линиски превоз на патници во Општината Битола.
- Одлука за користење на Спортската сала „Боро Чурлевски“ без надомест
- Одлука за донесување на ДУП за градска работна зона северно од патот Битола с. Новаци Блок 1 – Општина Битола (изменување и дополнување) бр. 31-1414/15.
- Одлука за донесување на ДУП за Станбена заедница бр. 4 и 2, Реонски центар Запад – Блок 1 – Општина Битола изменување и дополнување.
- Решение за измена и дополнување на Решението за давање согласност за формирање на паралелки со помал број на ученици во средните училишта на подрачјето на Општината Битола за учебната 2018/2019 година.
- Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Комуналец“ Битола (пречистен текст) бр. 02-278/3-1 од 01.06.2016 година.
- Решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор во ЈП „Пазари“ Битола.
- Решение за разрешување и именување на членови во Управниот одбор во ЈП „Комуналец“ Битола.
- Решение за разрешување и именување на членови во Училинниот одбор во ОУ „Тодор Ангелевски“ Битола.