Двајцата советници од “Поинаку, Габриела Илиевска и Иван Чулакоски, ги информираа медиумите дека пред почетокот на седницата на Советот до претседателот на Совет на Општина Битола, Валентин Груевски за повлекување на две точки од дневниот ред на 21 седница на Советот на Општина Битола.
Соопштението го пренесуваем во целост:
Почитуван,
Како членови на Советот на Општина Битола од независната листа “Поинаку“, бараме да бидат повлечени 2 точки од дневниот ред од денешната 21 седница на општинскиот Совет:
- Одлука за начинот на организирање на бесплатниот превоз на ученици во општинските основни и средни училишта со општинскиот линиски превоз на патници во Општината Битола;
- Тарифа за измена и дополнување на Тарифата за општински линиски превоз на патници во Општината Битола.
Сметаме дека поставувањето на двете точки на дневниот ред е избрзан потег од страна на предлагачот. Потребно е претходно да се разговара со превозниците во насока на изнаоѓање решение кое ќе биде од интерес на сите заинтересирани страни.
Во спротивно, со поставувањето на точките на дневен ред и со нивно евентуално изгласување, постои можност да биде нанесена штета на сите засегнати страни: општината, превозниците и учениците.