Press "Enter" to skip to content

Фото вест: свечен прием на битолските првачињата во Детската организација

Битолските првачиња, во рамките на “Детската недела“ беа свечено примени во Детската организација, а приемот во сите битолски училипта беше под мотото “Градиме мостови, чекориме напред“.

Во сите битолски основни училишта по тој повод беше организирана свеченост за свечен прием на првачињата во Детската организација. Поголемите дручарчиња на првачињата им приредија музички и забавни точки, а со сборовите: Драги наши, Вие денес, ќе станете како нас, членови на ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА.

И оваа година, како и секоја, носител на активностите поврзани со Детската недела, беше Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија.

Приемот на првачињата е секоја година во првата недела на месец октомври во сите земји членки на ООН.

 

More from ВестиMore posts in Вести »