Во организација на македонско-хрватското друштво “Марко Марулиќ“ од Битола во малата сала на Центарот за култура во Битола, беше одбележан 8. Октомври 1991 година, денот кога е создадена самостојна, независна, Република Хрватска.На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на Херцеговац, Боро Башљан, претставници од Хрватската Амбасада во Македонија, градоначалникот на општина Новаци и претставници од повеќе институции од Битола, Прилеп и Скопје.
Присутните ги поздрави претседателот на Хрватскиот културен центар Бранко Маретиќ, кој присутните ги запозна со историјата на овој ден кој е значаен за Република Хрватска.
Во рамките на прославата се одигра и комедијата “Куќа за рушење“, на аматерскиот театар “Пучка сцена“ при хрватската библиотека од Херцеговац – Хрватска, во режија на Наталија Поредски-Лацин. Претставата својата премиера ја имаше на годинешниот фестивал на аматерскиот театар во Херцеговац, а овој аматерски театар по четврти пат гостува во Битола, а претставата после Битола беше изведена во Прилеп.
Инаку, гостувањето на хрватскиот театар е резултат на долгогодишната соработка со хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво “Марко Марулиќ“ од Битола, со Хрватската библиотека од Херцеговац и Центарот за култура Битола.
Треба да се напомене и тоа дека соработката помеѓу хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво “Марко Марулиќ“ ќе продолжи и во наредниот период, а веќе се подготвуваат за уште еден значаен ден, одбележување на Божик.
Прославувањето на Денот на независноста продолжи во “Премиер центар“ каде домаќините и гостите од Хрватска имаа неформално дружење.

Во Битола одбележан Денот на независноста на Република Хрватска (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 21 степен
- Спортските екипи од основните и средните училишта од Битола добија комплети дресови од Училишниот спорт (фото)
- Во Битола “Саем на кариера 2025“ на ФИКТ на УКЛО (фотогалерија)
- Во Битола се полагаше тест за вработување во Клиничка болница Битола и општите болници во Прилеп, Охрид и Кичево (фото)
- Промовиран документарниот филм “Слободата заборавена меѓу регистрите“ (фото)