Во организација на македонско-хрватското друштво “Марко Марулиќ“ од Битола во малата сала на Центарот за култура во Битола, беше одбележан 8. Октомври 1991 година, денот кога е создадена самостојна, независна, Република Хрватска.На манифестацијата присуствуваше и градоначалникот на Херцеговац, Боро Башљан, претставници од Хрватската Амбасада во Македонија, градоначалникот на општина Новаци и претставници од повеќе институции од Битола, Прилеп и Скопје.Присутните ги поздрави претседателот на Хрватскиот културен центар Бранко Маретиќ, кој присутните ги запозна со историјата на овој ден кој е значаен за Република Хрватска.Во рамките на прославата се одигра и комедијата “Куќа за рушење“, на аматерскиот театар “Пучка сцена“ при хрватската библиотека од Херцеговац – Хрватска, во режија на Наталија Поредски-Лацин. Претставата својата премиера ја имаше на годинешниот фестивал на аматерскиот театар во Херцеговац, а овој аматерски театар по четврти пат гостува во Битола, а претставата после Битола беше изведена во Прилеп.Инаку, гостувањето на хрватскиот театар е резултат на долгогодишната соработка со хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво “Марко Марулиќ“ од Битола, со Хрватската библиотека од Херцеговац и Центарот за култура Битола.Треба да се напомене и тоа дека соработката помеѓу хрватскиот културен центар и македонско хрватското друштво “Марко Марулиќ“ ќе продолжи и во наредниот период, а веќе се подготвуваат за уште еден значаен ден, одбележување на Божик.Прославувањето на Денот на независноста продолжи во “Премиер центар“ каде домаќините и гостите од Хрватска имаа неформално дружење.
Во Битола одбележан Денот на независноста на Република Хрватска (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температрурата до 5 степени
- Горната Гимназија на Германскиот божиќен панаѓур “Weinachtsmarkt” во “Зимската приказна“ во Битола (фотогалерија)
- Кадетите на Еурофарм Пелистер 2 со убедива победа ја завршија годината (фотогалерија)
- Претреси во Битола и Прилеп, пронајдени околу 5000 парчиња пиротехника
- СВР Битола: две апсења за дрога, “рено“ излетало од пат, фатено лице барано по потерница, физички напад