Press "Enter" to skip to content

“City house“ со нова енергија (фотогалерија)

Од почетокот на месецот “City house“, кој се наоѓа на познатата локација во центарот на Битола,  продолжува со работа, но со нов менаџмент, со прилично освежено мени, кое е прилагодено и за оние кои дружбата ја поминуваат со мезе како и оние кои сакаат квалитетно јадење.Промоцијата на новото мени беше проследено од голем број посетители како и соработници, а новите јадења беа презентирани на шведска маса, како секој би можел да го пронајде својот нов вкус.Изборот на квалитетно наливно вино од домашни производители ќе биде исто така застапен во склоп со мезиња кои прилегаат на домашните очекувања.Во наредниот период акустичната музика на “Евергрин“ ќе го надополнува уживањето на гостите во викендите.Новитет кој што е воведен е и игротеката за најмладите, каде што се под постојан надзор на негувателките, па така можат да се опуштат во пријатна атмосфера и гостите со деца од 2-6 години.  Игротеката располага со играчки од најразличен тип: куќарки, лизгалки, трамполина и слично, а секако постои и можност за анимирање со детски реквизити.-Ќе се трудиме секогаш да бидеме дел од европските и балканските трендови што се однесува на храната и севкупно ресторанската работа. Имаме план во кој секој месец ќе нудиме по две нови јадења и мезиња, како и констатно да ја шириме понудата на вина од домашни производители бидејќи сметаме дека тоа е правилниот начин за раст и развој и поддршката за домашните компании. Ги поканувам битолчани да се уверат во нашата уникатна понуда. – изјави Иван Илиевски, новиот раководител на “City House“.За постетување е дека “City House“ располага и со сместувачки капацитети кои што се високо оценети од досегашните посетители. Еве дел од атмосферата од промоцијата на менито.