Press "Enter" to skip to content

“Сликовница за секое дете“ – промоција на книгата “Заедно да растеме“ од Филип Димкоски

Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ Битола, со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, оваа година го реализира проекот “Сликовница за секое дете“ ( поезија за деца). Во рамки на проектот се обработи книгата “Заедно да растеме“ од младиот автор Филип Димкоски, која е обработена во on line двд формат, чија содржина е веќе достапна на web страната на Библиотеката www.nuub.mk.

Мултимедијалното цд е одлична можност и за љубителите на книгата кои имаат проблем со видот, читањето им претставува напор, кои од различни причини не се во можност да читаат ( им се тресат рацете, подобро се чувстуваат слушајќи книги, подобро се концентрираат и помнат слушајки книга итн)

Гости на промоцијата беа ученици од ОУ „Кирил и Методиј“ и ОУ “Гоце Делчев“– Битола, додека поезија ќе читаат учениците од ОУ “Даме Груев“ – Битола.

Целта на проектот е да ги поттикнеме и мотивираме младите литературни творци да пишуваат, да го промовираат и афирмираат своето креативно творештво, за прв пат да се објави со што ќе им се даде можност да се претстават пред пошироката јавност. Во поттекст на проектот е заложбата за силна и директна стимулација на творештвото на младите автори од нашата земја.“Заедно да растеме“ од младиот поет Филип Димкоски е уште еден зрел и сочен плод во кошницата со плодови кои и припаѓаат на литературата за деца. Да се пишува за деца на момент изгледа како многу лесна работа, но во никој случај не е така, зашто да се пишува за деца значи да се разбуди детето во себе. Да се пишува за деца значи и тоа истото дете да се праша за што сонува, за што мечтае, што го мачи и што треба да научи. Да твориш за деца значи и самиот ти да си дете и самиот ти да си сите деца во светот. Димкоски тоа многу вешто го прави. 

Во вториот дел од книгата „ЗАПОЗНАЈ МЕ, ЗАСАКАЈ МЕ И ЈАДИ МЕ“ се дружиме со овошките, учиме како се одгледуваат и од каде потекнуваат, кој најмногу ги сака и колку тие се здрави. Читајќи ја „Заедно да растеме“ особено голем впечаток оставаат и илустрациите кои даваат шаренило и игривост низ книгата. Оваа поетска книга на Димкоски , е еден зрел и сочен плод во кошницата на литературата за деца од кој ќе се насладуваме уште долго , долго и заедно ќе растеме!Димковски е апсолвент на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје. Автор е на стихозбирките „Најхранливи зборови од дестак душа радови“, „Божилак на исконот“, „Во градината има само љубов“, „Заедно да растеме“ (илустратор: Александра Ацеска) и „Еко дете-чувари на природата“ (илустратор: Јасмина Главинче). Пишува поезија за возрасни и поезија за деца, како и кратки прозни форми. Поезијата му е препеана на англиски, италијански, руски, српски, хрватски, бугарски, германски, грчки и ромски јазик, а дел од прозното творештво му е преведено на хебрејски јазик. Добитник е на неколку награди и признанија.

More from КултураMore posts in Култура »