Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: со закана со оружје ограбена продавачка во маркет на “Солунска“

Во билтенот на МВР за вчерашниот ден за дневните настани е завележано дека околу 21.50 часот во маркет на улица “Солунска“ во Битола две непознати лица извршиле разбојништво.

Сторителите со закана со огнено оружје од вработената одзеле околу 65.000 денари, по што побегнале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

 
More from ВестиMore posts in Вести »