Press "Enter" to skip to content

Фото вест:  Германскиот амбасадор Герберих во посета центарот за германски јазик “Илиеви“

Германскиот амбасадор Томас Герберих при посетата на Битола го посети и Центарот за германски јазик „Илиеви“ во Битола, каде е сместен и почесниот австриски конзулат.

Валентина Илиева, која е и почесен австриски конзул во Битола, при посетата заедно со тимот го запозна германскиот амбасадор со почетоците на германско-македонското друштво за тоа како од една паралелка каде се изучувал германскиот јазик сега е присутен во сите училишта во Битола. Таа потенцира и тоа дека центарот за јазици “Илиеви“ има и курсеви за димплома за положен германски јазик, која е меѓународно призната во Германија, Австрија и Швајцарија.

Илиева го запозна амбасадорот и со тимот кој работи во Центарот за јазици “Илиеви“.Амбасадорот на Германија во Македонија, искажа пофални зборови за работата на германско-македонското друштво за соработка, кое повеќе од 25 години ги афирмира вредностите на оваа земја, предводено од Валентина Илиева.

-Изучувањето на германскиот јазик од една страна ги оспособува и им дава можност да одат во Германија и таму да побараат и да најдат работа. Меѓутоа ние би сакале тоа да биде само во една насока, не само тие да ја напуштаат земјата и да одат во Германија, туку искуствата кои ќе ги стекнат таму да се вратат овде и тука да ги применат во својата земја, рече амбасадорот Томас Герберих при посетата на Центарот за германски јазик „Илиеви“ во Битола.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.