Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Драги Михајловски добитник на државната награда “11 Октомври“

На преведувачот и писател, битолчанецот, Драги Михајловски, во Собранието на Република Македонија му беше врачена државната награда „11 Октомври” за 2018 година. Наградата Михајловски ја доби за животно дело во областа на културата.

Нашиот сограѓанин Драги Михајловски е автор на повеќе збирки раскази и романи, како и на книги за деца и млади од кои некои се преведени на повеќе јазици. Михајловски има преведено повеќе од 140.000 стихови од англиски на македонски јазик, како и многу романи, раскази и драми. Специјаност е познат и по предедите на драмите на Шекспир на македонски јазик.Одлуката ја донесе Одборот за доделување на наградата „11 Октомври“, која е највисоко признание за животно дело. На добитниците наградата „11 Октомври“ им ја врачи претседателот на Одборот, Драги Ѓорѓиев.

Покрај Михајловски добитници на наградата “11 Октомври“ ја добија писателот и новинар Ристо Лазаров, актерот Петре Арсовски и хирургот-уролог Александар Ставридис.

More from ВестиMore posts in Вести »