Press "Enter" to skip to content

“VII FUTURA регионален Moot Court“ натпревар на осум правни факултети (фотогалерија)

Вечерва во  хотелот “Епинал“ започна “VII FUTURA регионален Moot Court“ натпревар за симулација на судски процеси пред Европскиот суд за човекови права во организација на “CIVIL RIGHTS DEFENDERS“.
На свеченото отворање присуствуваше и ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски, претставници на основниот суд во Битола, претседателот на адвокатската заедница на Битола – Никола Главинче и други гости од факултетите кои учествуваат на натпреварот, натпреварувачите и нивните ментори.
На натпреварот учество ќе земат 8 екипи од правни факултети од регионот (Битола, Штип, Крагујевац, Бања Лука, Мостар, Зеница, Тузла и Витез).
Студентите од Правниот факултет, при Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола, кои ќе се натпреваруваат работат под менторство на доц. д-р Ангелина Станојоска и доц. д-р Мирјана Ристовска.
-Ваквите натпревари се добра можност студентите да се запознаат со Европската конвенција за заштита на човековите права и нејзините протоколи, механизмот за нивна заштита, како и начинот на работата на Европскиот суд за човековите права во Стразбур. Покрај тоа, истите имаат можност да се јават во улога на апликант или респондент, и преку усно излагање да ги изложат и бранат правните аргументи кои им одат во прилог, велат менторите доц. д-р Ангелина Станојоска и доц. д-р Мирјана Ристовска.
По вечерашното отворање утре е натпреварувачкиот ден, а натпревар за симулација на судски процеси пред Европскиот суд за човекови права ќе се одржи во Битола.
 
С.Р.