На фото-конкурсот кој го објави Македонската информативна агенција (МИА) фотографијата на Сашо Ристевски, фоторепортер од Битола, се најде во 10 најдобри фотографии и беше изложена на отворената изложба на најдобри 10 фотографии.Се работи за фотографија на Ристевски која е направена на претставата на битолскиот народен театар за време на “Шекспир фестивалот“ која се одржа ова лето.Фото конкурсот МИА го организира по повод 20-годишниот јубилеј од основање, а изложбата беше организирана во Клубот на пратеници во Скопје, на свечена прославата на јубилејот.Инаку, Сашо Ристевски до сега има десет самојстојни изложби и четири колективни, а учествувал на изложви во Австралија. Долги години работи како фоторепортер, а е сопствени и уредник на интернет порталот www.bitolanews.mk.
Фотографијата на Сашо Ристевски избрана во 10 најдобри на фото-конкурсот на МИА
More from ВестиMore posts in Вести »
- На 30. државно првенство во бокс во Битола возобновен турнирот “Битолски победник“ (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: новогодишен концерт на Камерниот оркестар на Битола – диригент Иван Кожухаров, солист Иван Дурловски(фото)
- “Куќа имам на Пелистер“ во Инфо-центарот на националниот парк “Пелистер“ – Битола (фотогалерија)
- “Виена во Битола“ концерт на Камерниот оркестар од Битола исполнет со новогодишна магија (фотогалерија)
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температрурата до 5 степени