Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: тригодишно девојче повредено во сообраќајка на “7-ми Јули“

Ретки се деновите кога Битола ја нема во официјалниот билтен на Министерството за внатрешни работи, а овој пат таму стои за повреда на тригодишно девојче во сообраќајка и за пронајдена неексплодирана граната во село Гермијан.

На улица „7-ми Јули“ во Битола, товарно возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од Прилеп, а управувано од И.Г. (38) од село Селце, прилепско, удрило тригодишно девојче од Битола. Притоа, со тешки телесни повреди се здобило детето и било пренесено во Клиничката болница Битола.  Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Битола било пријавено дека во село Гермијан, битолско, при изведување на градежни работи во близина на мостот, била пронајдена неексплодирана артилериска граната од 105 мм со потекло од Првата светска војна. Гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спаување Битола за понатамошна постапка.

More from ВестиMore posts in Вести »