Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: нема ден без сообраќајка, повреден пешак од морциклист

Продолжува црната серија на сообраќајќи низ битолските улици, а кои се понебезбедни за пешаците.

По повредата на малото девојче на улицата “7-ми Јули“ каде сега има зголемен сообраќај, а не е безбедна за пешаците, сообраќајна незгода се случи на Булеварот, и повторно е повреден пешак.

На 14.10.2018 година во 12.52 часот на улица „1-ви Мај“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која А.В. (30) од Битола, управувајќи мотоцикл „Јијинг“ со битолски регистарски ознаки, удрил во пешакот М.И.(73) од Битола.

Од ударот М.И. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Клиничката болница Битола.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »