Press "Enter" to skip to content

Одбележан на 15 Октомври, Меѓународниот ден на белиот стап

Со повеќе настани денес во Битола  беше одбележан на 15 Октомври, Меѓународниот ден на белиот стап, а Здружението на слепи лица од Битола денеска со марш по Широк Сокак го одбележа овој ден. Маршот се одржа со поддршка на лајонс клубовите од Битола, а на него учествуваа битолчани кои го имаат изгубено видот, како и активисти за борба против слепилото. 

Од здружението на слепи лица од Битола  велат дека градот има околу 220 слепи лица од кои околу 120 се целосно слепи, а оваа болест, за жал, се повеќе ја има кај младата популација.

-Со белото стапче сега се движиме малку подобро зашто нашите улици и сокаци се малку подобрени, но се уште треба бариерите да се отстранат. Тоа го чуствуваме кога се движеиме по тротоарите, каде не можеме да поминиме оти се повисоки, рече Стевче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи во Битола, кој се заблагодари на им се заблагодари на сите поединци, организации и на локалната самоуправа за дадената поддршка на слепите лица во градот.-Ние сме едно од најактивните здруженија на слепи лица во Македонија, а јас како претседател заедно со членовите ќе се борам да ги вратиме заштитните работилници во тоа светло, не само да ги искористуваат парите од државата како заштитна работлиница, туку вистински да ги вработат овие лица, додаде Костадиновски.

По маршот во малата сала на центарот за култура се одржа трибина на која на слепите лица им се обрати и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска која ги наведе петте клучни проекти кои Општина Битола ги спроведува за подобрување на условите на лицата со делумно или целосно оштетување на видот. Битола наскоро ќе го добие најголемиот ресурсен центар во земјава, наменет за слепи лица.

-Ова што во изминатата година од мојот мандат е направено во Општина Битола за поддршка на Здружението на слепите лица можеби е многу во однос на тоа што досега било направено, но сепак е малку во помошта која сите заедно треба да им ја дадеме на оваа категорија граѓани, рече Петровска.

Традиционално во маршот се вклучени и од Лајонс клубот “Хераклеја“ кои рекоа дека има скрининг програма за рано откривање на младите лица и дека има многу голем успех во тоа и дека на територијата на нашата држава и досега се прегледани триесет илјади мали дечиња.

More from ВестиMore posts in Вести »