Press "Enter" to skip to content

Општина Битола додели спортски реквизити за средните училишта

Со средства на општина Битола набавени се топки за сите спортови, кои денес во спортската сала на Гимназијата “Јосип Броз Тито“ им беа поделени на средните училишта од Битола.

Топките им ги поделија градоначалничката Наташа Петровска, претседателот на Советот, Валентин Груевски и дел од советниците.-Досега се вложени во училиштата повеќе од 380.000 денари, за збогатување на нагледните средства на училиштата. Денес ќе доделиме за секое средно училиште по 10.000 денари исклучиво за набавка на спортски рекизити. Исто толку средства ќе се доделат и на основните училишта во функција за јакнење на спортските капацитети, рече градоначалничката Петровска, кој потсети и за тоа дека се обезбедени и услови и за физичко образовани и за децата со посебни потреби. 

Претседателот на Сојузот за училишен спорт, Михајло Трампевски ја поздрави оваа и инцијатива на Општината, и рече дека се набавени топки од најдобрите светски брендови со кои школските екипи ќе се подготвуваат за училишните спортски игри кои се во тек и оние кои ќе започнат за брзо време.

More from СпортMore posts in Спорт »