Press "Enter" to skip to content

Шест од Еурофарм Работник, еден од Пелистер на поширокиот список на Раул Гонзалес

Селекторот на Македонската сениорска репрезентација Раул Гонзалез го објави поширокиот список во кој има 28 ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.

На списокот на селекторот Гонзалез се наоѓаат седум ракометари на Еурофарм Работник:

Гоце Ојлески,

Никола Маркоски,

Горан Крстевски,

Филип Кузмановски,

Филип Чурлевски и

Милорад Кукоски.

Од ракометниот клуб е повикан само еден ракометаро, Костадин Петров.

Ова значи дека во овој момент седум ракометари од двата битолски клуба ќе играат пред својата публика.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 25 октомври (четврток) против репрезентацијата на Турција со салата „Боро Чурлевски” во Битола со почеток во 20:15 часот.

Вториот натпревар против селекцијата на Грција ќе се одигра во градот Кожани, Грција со почеток во 18:30 часот на ден 28 октомври (недела).

More from СпортMore posts in Спорт »