Press "Enter" to skip to content

Јенимаале со шест победи во шест кола “Б“ лигата се уште без најава за “А“ лигата

Изминатиот викенд се одиграа редовните кола во општинските лиги, а овој викенд мора да се спомене шестата победа на екипата на Јенимаале во шестото коло од општинската “Б“ лига.

Од единствената непоразена екипа во двете лиги “А“ и “Б“. Тие ја победија екипата на Лознаи со 3:0, како домаќини на стадионот во Горно Оризари. Од Јенимааел не сакаат да коментираат и да кажат дали ова значи дека ја најавуваат кандидатурата за “А“ лигата.

-Сега не сакаме да кажуваме за плановите бидејќи ништо немаме договорено, а договорот е во сезоната која за нас е оваа сезона да биде во знак на јубилејот. Сакаме да одиграме поквалитетно и со успех да настапуваме во “Б“ лигата, што и го правиме, а не како лани кога кубуревме со бодовите. Паралелно со играњето на натпреварите полека ја подготвуваме и прославата за 10 години постоење на Јенимаале. Добрите резултати се само мотив да направиме подобра прослава, а за “А“ лигата има време, вели капитенот на Јенимаале, Никола Пискачев.

Од Општинскиот фудбалски сојуз, комесарот за натпревари, Златко Ралевски, вели дека сите напревари поминале според правилникот на ОФС Битола.

Резултати 10. коло “А“ лига

Лисолај – Црна Река  3:1

Чагор – Олдбојс 1:2

Победа – Стрела 0:0

Спорт Карамани – Космос Спорт 4:1

 Буково – КСК Крклино 4:0

Светлост – Партизан (Д) 1:0

Пелагонија (Л) – ДОСК 1:0

Поешево – Новаци 2:0

Резултати 6. коло “Б“ лига

Пелагонија Бел Камен – Младост (Д) 2:5

Еленик – Пелистер ТМ  4:0

Јенимаале – Хајдук 3:0

Пелагонија (Д) – Младост (ГО) 5:0

Напредок – Пелагонија (Т) 3:0

More from СпортMore posts in Спорт »