Press "Enter" to skip to content

Владе Станковски – Тито, третопласиран на “Diamond cup 2018“ (фото)

На мошне силното боди-билдинг натпреварување “Diamond cup 2018“ кое се одржа спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје, во организација на Боди-билдинг федерацијата на Македонија, единствен претставник од Битола, беше Владе Станковски – Тито, од боди-билдинг клубот “City Gym“ од Битола.

Владе Стојановски е третопласиран во категоријата ветерани над 40 години во силна конкуренција, а за натпреварувањето вели:-Многу силно натпреварување каде се појавија билдери кои нешто значат во овој спорт. Силната конкуренција и освоеното трето место за мене е голем успех, со оглед на тоа под какви услови се подгоствував јас за ова натпреварување во однос на конкурентите и средствата кои ги вложив јас во подготовките и билдерите од другите земји. Презадоволен сум од мојата форма, а пласманот, пофалбите и честитките кои ги добив се само мотив за мене и мојата мала екипа да продолжиме со работата и да подготвуваме за следните натпреварувања.

Овој одличен резултат на ова натпреварување од највисок светски ранг е производ на долгогодишното искуство и силната волја со која тој е во боди-билдингот на нашиот сограѓанин Владе – Тито.

Инаку, на “Diamond cup 2018“  кое се одржа во Скопје, учествуваа 160 билдери од 23 земји, што досега е најголемо натпреварување од ваков вид во земјата, а според познавачи на овој спорт е натпреварување од највисок светски ранг.

Пред десетина дена исто така во Скопје, Владе Станковски беше прогласен за атлета на Македонија во својата категорија, мастер категорија.

С.Р.