Press "Enter" to skip to content

Бесплатен семинар за “мотивација“

Среда 24 Октомври со почеток во 18ч. на локација Театар Битола, “Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија“- Скопје ќе реализира еднодневен мотивациски семинар.

По успешните семинари во Скопје и Охрид ЕУ ИНСТИТУТ ќе ги мотивира и битолчани. ЕУ Институтот редовно врши едукација на компании, вклучен е во едукација на персонал на приватни клиники, хотели, обука на студенти, врши едукација на персонал во образовниот и воспитно-образовниот систем, обучува кадар во општините како во Македонија така и во Европа.

Семинари, класични и интерактивни работилници се дел од сегментите со кои се занимава ЕУ Институтот за Менаџмент, Право и Дипломатија. Ова се основни сегменти на дел од секое работење, на секаков вид на кадар во фирми, институции или поголеми компании.За работата на ЕУ ИНСТИТУТОТ до сега сведочат 10.000 лица  кои беа дел од нашите обуки и семинари ( во Македонија и Европа ) и 27 одржани интерактивни работилници, едукација и семинари во 2017година. Во 2018 година до Септмври беа обучени дури 2000 лица.

По успешно одржаната промоција на книгата ГОВОРОТ НА ТЕЛОТО  на проф. Д-р Зендел Абедин Шехи во НУ УБ “Св.Климент Охридски“ во Битола, и одржани 2 интерсктивни работилници во библиотеката ова е четвро гостување на ЕУ ИНСТИТУТОТ во Битола.

-Професионалното и секојдневно усовршување на сите нас е од круцијално значење за успешно надградување на секој човек. Треба се повеќе да се усовршуваме и надградуваме во своите знаења.  Да ги подобриме сопствените знаења и практично да ги усовршиме комуникациските вештини, со цел за подобра меѓусебна комуникација, изјави проф. Д-р Зендел Абедин Шехи.( 5 МИНУТИ ВНИМАНИЕ ЗА ПРОМЕНА ВО НАШИТЕ ЖИВОТИ ! )
Секој учесник добива сертификат !
Ограничен број на места, директен линк за пријава:
https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/СЕМИНАР

– ДАТУМ: Среда, 24 Октомври 2018
– МЕСТО: НУ Народен Театар Битола – голема сала
– ПОЧЕТОК И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА СЕМИНАРОТ: 18:00 h. – 21:00h
– РЕГИСТРАЦИЈА НА УЧЕСНИЦИ:18:00h – 18:30h – истиот ден
– ПРИЈАВА И РЕЗЕРВАЦИЈА ( е обавезна поради изработка на Сертификатите ) Најдоцна до 22 Октомври

тел: +389 75 228 078
Email: info@euinstitute.eu

Ограничен број на места, директен линк за пријава:
https://www.cognitoforms.com/EUInstitute2/СЕМИНАР

Предавач: Проф.Д-р Зендел Абедин Шехи