Press "Enter" to skip to content

Жирито на ФАДК “Камера 300“ започна да ги прегледува документарните филмови (фото)

Денеска во Битола започна со работа меѓународното жири на Интернационалниот фестивал на аматерски докумeнтaрен филм „Камера 300“, кое ќе има задача да го преглада сите пристигнати краткометражни филмови на авторите кои се јавија на конкурсот кој го објави кино клубот “Студио Милтон Манаки“ од Битола.Според претседател на Советот на фестивалот ФАДФ „Камера 300“ годинава  се пријавен   аматерски документарни филмови од повеќе земји.

Љупчо Петровски член на стручното интернационално жири кое започна да го прегледува филмовите, вели дека има пристигнато филмови од сите жарнови и дека жирито според тоа што досега го има изгледано ќе има доста дилеми околу поделбата на наградите.Инаку, жирито како и секоја година ќе го додели највисокото признание на фестивалот,  наградата- гран при плакета “Милтон Манаки“,  а ќе биде доделена и златна , сребрена и бронзена„ Камера 300“. Плакета за најдобра камера , идеја и монтажа, плакета за најдобра режија „Драги Савевски“ , награда за најдобра репортажа и награда, плакета на УНИКА.

More from КултураMore posts in Култура »