Продолжува црната серија на повредени пешаци по битолските улица, а пешак е повреден вчера на улицата “Филип Втори“. Седмицата која измина имаше со овој случај четири повреди на пешаци од кои едно беше тригодишно дете.
За вчерашната сообраќајка во билтенот на МВР стои:
На 21.10.2018 година во 22,45 часот било пријавено дека во Битола на улицата „Филип Втори Македонски“ патничко моторно возило „ауди А-4“ со битолски регистерски таблици управувано од И.Б. (20) од с. Трновци, Општина Могила удрило во пешак Ц.К. (64) од Битола.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани од страна на лекар во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.