Press "Enter" to skip to content

Од денес стартува продажбата на влезници за Македонија – Турција

Многумина битолчани патуваат по илјадници километри за да ја гледаат македонската ракометна репрезентација, а оние кои немаа можност да патуваат сега имаат можност да ја гледаат во Битола.

Капитенот Кире Лазаров и неговите соиграчи предводени од селекторот Раул Гонзалес веќе од среда ќе бидат во Битола, а натпреварот ќе се игра во четврток со почеток во 20,15 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“.

Интересот за влезници е огромен, а нивната продажба ќе започне денес, а ќе се продаваат пред кафулето “Портал“ на Широк Сокак. Ова е прилика уште денес битолчани да купат влезница која чини само 150 денари, бидејќи според информациите, кои ги бараат љубителите на ракометот од другите градови од регионот во нашата редакција, за кога и каде ќе се продаваат влезниците, веќе можеби утре ќе ги нема во продажба.

Продажбата ќе започне во 9 часот, а бројот е ограничен.

Специјалниот под ќе започне да се поставува денес, а напоредно ќе се работи на поставување на целокупната техничка опрема.

Инаку ракометната репрезентација на Македонија по повеќе од 15 години се враќа во Битола, а ќе игра против Турција  во квалификациите за пласман на Европското првенство. Двете репрезентации во Битола ќе пристигнат в среда попладне, а ќе бидат сместени во хотел Епинал.

Според правилата на ЕХФ двете репрезентации ќе имаа термини за тренинг во среда и четврток.

More from СпортMore posts in Спорт »