Продолжува санацијата на дел од помалите споредни улички во градот и во руралните средини со гребен асфалт, со цел да се избегнат дупките и прашините во секојдневието на граѓаните кои ги користат.
Екипи на ЈП „Нискоградба“ деновиве активно работат на поставување и тампонирање на гребен асфалт на дел од улиците „21-ва“ и „22-ра“ во близина на Хотел Битола, дел од ул. „Ванчо Јаневски“, мало уличе во состав на ул. „Цар Самоил“, пристап до улица кај крстосницата меѓу с.Трново и С. Ниже Поле, дел од ул. „Рашанец“ во Горно Оризари, како и улички во с. Бистрица.