Викендов се одиграа и редовните кола во општинските фудбалски лиги, во “А“ 11. коло, а во “Б“ 7. коло.
По одиграни повеќе од половина кола во општинските лиги најголемо пројатно изненадување се седумте победи на битолската екипа Јени маале од седум натпревари. Тие се единствена екипа кој нема пораз и има максимален број на бодови. Во последното коло победија на гостувањето во Трново.
Во “А“ општинската лига победи постигнаа три водечки екипи.
Комесарот за натпревари Златко Ралевски, вели дека како и досега во сите одиграни кола се поминало во најдобар ред, а најавена е жалба од натпреварот Пелагонија (Т) – Пелагонија.
Резултати “А“ лига – 11 коло
Олдбојс – Лисолај 0:3
Стрела – Буково 6:3
Црна Река – Победа (И) 0:1
Доск – Поешево 0:1
Партизан – Карамани 6:0
Кск Крклино – Светлост 0:о
Космос – Пелагонија (Л) 2:0
Новаци – Чагор 0:1
Резултати “Б“ Лига – 7. коло
Пелистер (ТМ) – Јенимаале 2:3
Младост ГО – Напредок 1:2
Хајдук – Пелагонија (Д) 1:5
Пелагонија (Т) – Пелагонија БК 1:3 (жалба)
Младост (Д) – Еленик 1:0.