Press "Enter" to skip to content

Јени маале со седум победи во седум кола убедливо во “Б“ лигата

Викендов се одиграа и редовните кола во општинските фудбалски лиги, во “А“ 11. коло, а во “Б“ 7. коло. 

По одиграни повеќе од половина кола во општинските лиги најголемо пројатно изненадување се седумте победи на битолската екипа Јени маале од седум натпревари. Тие се единствена екипа кој нема пораз и има максимален број на бодови. Во последното коло победија на гостувањето во Трново.

Во “А“ општинската лига победи постигнаа три водечки екипи.

Комесарот за натпревари Златко Ралевски, вели дека како и досега во сите одиграни кола се поминало во најдобар ред, а најавена е жалба од натпреварот Пелагонија (Т) – Пелагонија.

Резултати “А“ лига  – 11 коло

Олдбојс – Лисолај 0:3

Стрела – Буково 6:3

Црна Река – Победа (И) 0:1

Доск – Поешево 0:1

Партизан – Карамани 6:0

Кск Крклино – Светлост 0:о

Космос – Пелагонија (Л) 2:0

Новаци – Чагор 0:1

 

Резултати “Б“ Лига – 7. коло

Пелистер (ТМ) – Јенимаале 2:3

Младост ГО – Напредок 1:2

Хајдук – Пелагонија (Д) 1:5

Пелагонија (Т) – Пелагонија БК 1:3 (жалба)

Младост (Д) – Еленик 1:0.