Press "Enter" to skip to content

Жирито на 26. ФАДФ “Камера 300“ одлучи за наградите, Гран-при за “Клучарот…“ на Љупчо Ристевски

Жири комисија на 26.Интернационален аматерски документарен филм „Камера 300“ кој го  организира Кино видео клуб “Студио Милтон Манаки“, го заврши жирирањето и одлучи највисоката награда гран-при “Плакета Милтон Манаки“ да му ја додели на прилепчанецот, Љупчо Ристески, автор на аматерскиот документарен филмот „Клучарот Цако“.

Наградата “Златната камера 300“ ќе ја добијат авторите од Србија Драго Латиновиќ и Илија Галоња за филмот “Зоб“.

“Сребрената камера 300“ ќе ја добие битолчанката Ема Лазарова за филмот “Никогаш повеќе“ посветен на депортацијата на битолските Евреи.

“Бронзена камера 300“ ќе добие “Без смисла“ на Ролф Мандолези од Италија.

Златен медал на УНИКА ќе добие филмот “Мојот живот“ на авторот Игор Стојчевски.Плакета за најдобра камера што ја доделува Општина Битола ќе добие битолчанецот, Диме Талевски за аматерскиот документарен филм “Москополе денес“.

Плаќетата за режија  “Драги Савевски“ ќе  ја добие Радован Челиќ од Србија за филмот “Банатски блуз“.

Плакета за монтажа ќе добие охриѓанецот Тоде Љушев за филмот “Держава Вевчани Карневааал’’.

Плакета за идеја ќе добие стружанецот Петар Узунов за филмот “Жртви на технологијата“.

Плакета за репортажа ќе добие Анета Горѓиевска за филмот “Камените кули раскажуваат“ .

Посебна плакета ќе му биде доделена и на кино-клубот од Прилеп кој има најмногу автори на фестивалот на конкурсот за оваа година.

На годинашниот конкурс на Фестивалот се одзваа автори од Македонија и повеќе европски држави, кои доставија 52 аматерски документарни филма.

26.Интернационален аматерски документарен филм „Камера 300“  е поддржан од Агенцијата за филм на РМ и градоначалникот на Општина Битола, а наградите на добитниците ќе им бидат доделени во рамките на 4-то Ноемвриските празнувања по повод ослободувањето на градот.

More from КултураMore posts in Култура »