Вечерва во малата сала на Центарот за култура во Битола, по повод 125 годишнината од формирањето на Македонската Револуционерна Организација, УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола одржа трибина насловена “Денот на македонската револуционерна борба“.Присутните на трибината ги поздрави и им го честита Денот на македонската револуционерна борба, претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во Битола, Марко Јосифовски.На трибината зборуваше м-р Ѓорѓи Чекутков, кој зборуваше за идејата за формирање на ВМРО-ДПМНЕ и за сите значакни настани, датуми и револуционери од формирањето пред 125 години, во разните периоди на дејствување на Организацијата, односно за формирањето, делото и значењето на Организацијата.Денес, претпалдне по повод 125 годишнината од формирањето на Македонската Револуционерна Организација, УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола заедно со претседателството на Македонското Патриотско Здружение Дамјан Груев, положи свежо цвеќе пред споменикот на основоположникот на Македонската Револуционерна Организација – Дамјан Груев.
Трибина на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Битола: 125 години од формирање на МРО (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Министерот Трипуновски во Битола на стартот на проектот на ФАО и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство
- Времен режим на сообраќај в недела во Битола, за трката Трчај бе на 22 септември 2024
- Кошаркарите на Пелистер на подготовки на Златибор, пред Супер купот и стартот на АБА2 во Битола
- Денес 44. седница на Советот на Општина Битола, на дневен ред 60 точки
- Во Битола променливо облачно со повремени врнежи од дожд, температурата до 21 степен