Press "Enter" to skip to content

Фото вест: капитенот Лазаров одвои време пред натпреварот за сите и се фотографира во “Пајтон“

Ракометната еуфорија која деновиве ја зафати Битола се чуствува насекаде, а по подолго време ракометот е главна тема за разговор, а денес особено прашањето за влезниците.

Македонските репрезентативци во малку слободно време го имаат и се наоѓаат на Широк сокак, се опседнати од љубителите на ракометот кои сакаат да им честитаат, да поразговаат, да направат селфи.

Во една таква ситуација го најдовме и капитенот на репрезентацијат Кире Лазаров, кој беше заедно со сопственикот и персоналот и дел од гостите, а сите не ја пропуштија ситуацијата да направат со него заедничка фотографија, а капитенот пред натпреварот одвои дел од времето за нив.