Press "Enter" to skip to content

ЈП “Водовод“ ги започна празнувањата за 90 роденден (фото)

Утре јавното комунално претријатие “Водовод“ од Битола ќе одбележи голем јубилеј, 90 години од постоењето. Денес во рамките на празнувањата пред административната зграда на “Водовод“ беше поставенo обелеќје кое го симболизира претријатието, а до неа е направен и вело-парк.

На опремата јасно стои дека тоа е поставено во чест на големиот јубилеј, а се поставени и два јарболи на ЈКП “Водовод“ и општина Битола.

Свечената академија ќе се одржи утре во 13 часот, во ресторанот “Вила Виста“, а потоа ќе има прием за вработените и пензионираните вработени од оваа битолско јавно претпријатие.