Press "Enter" to skip to content

Кошаркарите на Пелистер дома поразени во продолжението од Кожув (фото)

Пелистер – Кожув 79:82 (17:12, 25:24, 14:22, 17:15)

Спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола

Гледачи: 1.000

Судии: Милојевиќ, Бошковски и Крстевки

Пелистер: Арсовски 13, Давков, Голубовиќ 9, Харис 27, Билер 19, Захариевски 8, Илиевски 1, Атанасовски 2, Трајковски, Трсунов, Талевски, Обедниковски.

Кожув: Караколев 13, Штерјов 19,  Апостолов, Пековиќ 19, Радуловиќ 8,  Нацевски 5, Ангелов, Митков 3, Мишковиќ 8, Петров, Божинов, Пејовиќ 7.Четврт пораз за кошаркарите на Пелистер на домашен терен во 4. коло од Првата кошаркарска лига, во дополнителените 5 минути откако беше нерешено 73:73 во регуларниот дел од натпреварот.

Екипата на Пелистер одигра добро во првата четвртина која за заврши со 17:12, а на полувреме се отиде со 42:36, а се изгледаше дека првите победнички бодови ќе се прокнижат на салдото на КК Пелистер.Третата четвртина беше пресудна Кожув и за натпреварот, а гевгеличани наравија +8 (14:22), а неизвесноста кулмиранираше во последната минута од натпреварот кога со тројката на Арсовски во последната минута “пелистерци“ влегоа со предност од еден поен, а потоа имаа и +2, но Штерјов погоди кога беше најважно за Кожув е во нови пет минути се тргна од почеток.

И во последнте пет минути беше изедначено, а Кожув со предност влезе со +3 во последните 30 секунди, а американецот Харис можеше ако погодеше да се избори за нови пет минути, но за жал промаши.

Најефикасен во редовите на Пелистер беше Харис со 27 кошеви, но мора да се спомене дека ги промаши двата шута на крајот од регуларниот дел и продолжувањето.

More from СпортMore posts in Спорт »