Press "Enter" to skip to content

Се асфалтираат преостанатите улици во Касарната

Интензивно се работи на реализацијата на проектот со кој ќе се обезбеди комплетна инфраструктура на просторот на поранешната касарна во Битола. Асфалтирањето започна од улицата СРУ 7 во АРМ 1, а со завршувањето на комплетната инфраструктура на улиците во АРМ 1 и АРМ 2, станбените и индивидуалните објекти, ќе се поврзат со улиците од градското подрачје.

Со тоа локалната самоуправа ќе го реши долгогодишниот проблем на инвеститорите од овој дел на градот, кои и покрај платените средства за комунални услуги, немаа можност да добијат соодветно инфраструктурно поврзување, а последиците од тоа ги трпеа и жителите на станбените објекти од оваа, нова населба во Битола.

Со договорот за кредитот за комплетна изградба на инфраструктурата во поранешната касарна и анексот на договорот, се обезбедува водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација, улично осветлување и асфалтирање на улиците, со што овој урбан дел ќе ја добие потребната инфраструктура, која за истиот е од витално значење.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 155.000.000,00 денари, за реализација на комплетна инфраструктура на 14 улици во АРМ 1 и АРМ 2, а истите ќе бидат завршени оваа градежна сезона.

More from ВестиMore posts in Вести »