Press "Enter" to skip to content

Лајонс клуб “Кабадаја – Битола“ го промовираше првото мени на Брајова азбука (фото)

Во мезе барот “Јагода“, лајонс клубот “Кабадаја – Битола“, го промовираше првото мени целосно напишано на Брајова азбука.
 
Менито е изработено од страна на едукаторите во ресурсниот центар во ОУ „Климент Охридски”, Андријана Шокларовска и Тесалија Жирова, по иницијатива на ЛК “Кабадаја“.
Гости на настанот беа претставници на Здружението на слепи лица од Битола.
 
-Ова ќе биде прв од неколку локали во Битола каде ќе има мени на Брајова азбука, а следен чекор ќе биде да направиме Брајовата азбука да биде достапна и во институциите во Битола, велат од “Кабадаја-Битола“.
Инаку, Брајова азбука или Брајово писмо е специјално писмо наменето на лицата со слаб вид или потполно слепило. Создадено е во 1821 година. Произлегло од т.н. ноќно писмо на тајните служби кои го користеле во ноќните воени дејства. Францускиот учител за слепи, Луј Брај (1809-1852) ја усовршил оваа техника и настојувал таа да се користи во праксата.
Основната клетка на Брајовата азбука се состои од шест точки (т.н. шестточка), а на секоја буква одговара комбинација од тие 6 релјефни точки. Буквите се втиснуваат со метално шило во хартијата, а читачот ги распознава со допирање од спротивната страна.
 
More from ВестиMore posts in Вести »