Викендов се одржа третата по ред “оф-роад“ трка на џипови која ја организира спортски клуб “ОФФРОАД“ од Прилеп, на кој како гостин беше и битолчанецот Иле Јошевски кој тешката патека ја помина само ревијално со својот џип “нисан патрол“.За оваа интересна “оф-роад“ трка Иле Јошевски вели:
-Ова е екстремна трка на која три години години неприкосновен е бугаринот Љубен Динев, кој има и одлично подготвен џип, со кој ја поминува патеката во најтешката патека “hard trophy“, а ова трка е и атракција за пубиката. Јас со моето возило “нисан патрол“ само ревијално ја поминав патеката “advanture“. Иако имам добро подготвено возило, сепак тешко е да се конкурира на бугарските возачи кои секоја година покажуваат дека се најдобри.
Јошевски вели дека организаторот, претседателот на клубот Панчо Чупракоски се покажал како одличен домаќин, а за подготовка на трасите по кои се возело одговорен бил Стефан Стојановски од Бугарија.
Посебна атракција на трките во неофицијалниот дел бил Лало Милошески од Прилеп, кој бил највешт возач во совладување на екстремни нагорнини.

Битолчанецот Иле Јошевски ревијално на третиот “оф-роад 4х4“ во Прилеп (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пожарникарите од Битола за 48 часа заштитиле и спасиле 11 населени места, некаде биле навредувани и попречувани, а некаде имале помош од мештаните
- Деновиве пред 10 години: Сојузот на спортови на Битола домаќин на трката “Низ Македонија“ (фото)
- Еурофарм Пелистер лесно до победа против Голден Арт
- Пелистер го победи Караорман во Битола, по два гола на Христов и Љамчевски
- Кугларките и кугларите заедно со “Europe House Bitola“ и Општина Битола ја одбележаа европската недела на спорто