Press "Enter" to skip to content

Кошаркарките на Пелистер поразени во Струга

Струга – Пелистер 53:42

Кошаркарките на Пелистер на гостувањето во Струга се поразени од истоимената екипа во рамките на 3. коло од Првата женска кошаркарска лига.

“Пелистерки“ на оваа средба настапија осетно ослабени со неиграњето на најдобрата кошаркарка Нора Мемедова, која поради повреда не можеше да биде дел. Колку таа недостигаше може да види од тоа дека во двете изминати кола таа постигна 65 коаш.

Во наредното коло екипата на Пелистер игра на домашен терен против екипата на Работнички, а девојките се надеваат дека покрај Мемедова во тимот ќе биде и репрезентативката Теодора Кузмановска. Тие заедно со Сара Стојановска, Стефанија Костадинова и пионерките на Пелистер се надеваат на победа над Работнички.