Press "Enter" to skip to content

Пораз на одбојкарките во Струмица во второто коло

Виктори Волеј – Пелистер Волеј  3:0 (23:25; 21:25; 11:25)

Во рамките на Прва државна лига во 2.коло битолските одбојкарки се поразени во Струмица од екипата на Виктори Волеј, со резултат 3:0, во сетови.

Натпреварот во салата “Партизан“ во Струмица започна со големо задоцнување (екипата загуби 2 часа заради застој на патот кон Струмица), натпревар во Пелистер Волеј пропушти огромна шанса, особено во првиот сет кога од негатива од 2 поени 20:18 за Виктори, успеа со мини серија да направи пресврт и 22:20.

-Не успеавме од сопствените грешки во напад да го добиеме овој сет како и грешките пред тоа заради кои сами си ја закомплициравме работата, а со добиен прв сет натпреварот ќе се движеше во друга насока, вели Роберт Митковски, тренер на Пелистер Волеј.

И во вториот сет одбојкарките на Пелистер  имаа шанса се до 19 поен но повторно многу банални грешки ги оддалечија од можноста за победа во вториот сет, ни во третиот веќе немаа сили.

-Освен перфектниот блок и солидниот сервис, се друго е за критика.Штета што со толку блокови заминуваме без освоен сет, додава Митковски.

Во 3. коло екипата на Пелистер Волеј е слободна, а шансата за враќање на старите патеки ќе ја бара во 4. коло против Бами Кор од Тетово во Битола.