Press "Enter" to skip to content

Мирјана Стојановска, поетеса од Битола промовираше книга на саемот во Франкфурт (фото)

Битолчанката, поетесата Мирјана Стојановска од Битола беше единствена поетеса од Битола, која учествуваше на саемот на книгата во Франкфурт, каде имаше промоција на нејзината поема “Бегалци од својот дом“.Книгата ја промовираше Љубиша Симиќ, претседател на “7-ка“ во конгресната сала, каде во текот на четирите саемски денови беа промовирани дваесетина автори од Германија, Франција, Србија, Босна и Херцеговина.Со мотивот на иселувањето во потрага за подобра егзистенција, поемата „Бегалци од својот дом“ беше прифатена како  актуелна тематика која претставува глобален процес во европските земји и пошироко. Оваа поема наскоро ќе биде во целост објавена на германски јазик.Во рамките на гостувањето беше организирана посета на Музејот на најмаркантниот германски книжевник од 19 век Гете, како и споменикот на браќата Грим.

Инаку, Стојановска како претседател на Здружението за наука и култура “Нова“ од Битола, договори понатамошна соработка со  “7-ка“ и превод на автори од ова здружение на македонски јазик.