Press "Enter" to skip to content

Прв кадетски одбојкарски турнир, Пелистер Волеј со две победи

Одбојкарките на Пелистер во кадетска конкуренција на првиот одбојкарски турнир кој се одржа во Скопје забележаа две победи. “Пелистерки“ ги победија екипите на Планет со 2:0, (25:06; 25:17) и Работнички Жени  со 2:1, (21:25; 25:14; 16:14).

Два натпревати и две огромни и значајни победи на кадетките на Пелистер Волеј.

Во првиот натпревар апсолутна надмоќност за само 39 минути совладана е екипата на Планет од Скопје.

Во вториот натпревар кој што имаше интересна завршница по впдтвото од 0: 1 на Работнички девојките останаа психолошки стабилни и во вториот сет убедливо победија со 25:14. Во завршницата на третиот сет скопјанки имаа 4 сет/меч топки (14:10), но со 6 ас сервиси на  Ева Трпеновска, Пелистер Волеј, дојде до победа од 2:1, но мора да се пофалат и останатите девојки.

Пелистер Волеј – кадетки, имаат две победи 4 бода и прво место во групата на стартот на сезоната во која многу очекуваат.

More from СпортMore posts in Спорт »