Внукот на ракометната битолска легенда, Пеце Димитровски е “третото колено“ од оваа фамилија, член на ракометниот клуб Пелистер, откако претходно и неговиот татко Златко Димитровски ги бранеше боите на Пелистер. Ретки се ваквите примери кога три генерации од едно семејство го бранеле боите на еден клуб, а ова е единствен ваков пример во Битола.
Иван Димитровски денес и официјално потпиша со РК Пелистер, потпишувањето на договорот беше денес во клупските простории на РК Пелистер, а за Пелистер потписот го сратви извршниот директор на клубот, Сашо Шамбевски.
Иван Димитровски ќе настапува во Пелистер како лево крило, а се врати во Битола, откако неколку години настапуваше во Вардар Јуниор, а е роден 1998 година.
Договорот е потпишан до крајот на сезоната.