Press "Enter" to skip to content

Прва операција на проширени вени во битолската клиничка болница

За прв пат во битолската Клиничка болница извршена е операција на проширени вени на пациент, женско лице родено 1975 година.

Операцијата ја изврши врвниот хирург од ЈЗУ ДРЖАВНА КАРДИО ХИРУРГИЈА ОД СКОПЈЕ д-р Мишел Андов заедно со д-р Александар Гацовски специјализант на васкуларна хирургија вработен во нашата клиничка болница.Соработката и понатаму ќе продолжи и во иднина уште повеќе ќе се интензивира бидејќи желба има и од страна на ценетиот д-р Мишел Андов и нашиот специјализант д-р Александар Гацовски но и од страна на пациентите кој се засегнати со ваквите проблем.

-Целата апаратура која е потребна за ваква операција Клиничка болница ја набави пред неколку месеци, а во процедура е и набавка на васкуларни инструменти за проширување на дејноста. Горди сме што во нашата клиничка болница успеавме да донесиме еден ваков врвен стручњак како што е д-р Мишел Андов,среќни сме што во нашата клиника е вработен д-р Александар Гацовски за чија способност и стручност допрва ќе се слушни. Но, најповеќе не прави исполнети тоа што конечно нашите пациенти нема да талкаат до Скопје бидејќи само таму се изведуваше вакво нешто се мисли за државна клиника, велат од менаџерскиот тим на Клиничка болница.

Закажувањата и прегледите се вршат во хирушката амбуланта во присуство на двајцата лекари, а наскоро закажувањата и прегледите ќе бидат преку мој термин.