Press "Enter" to skip to content

Вангел Алтипармаковски, уште еден битолчанец кој фудбалскиот леб го печали надвор од Битола

Има многу прилики кога битолски фудбалери и тренери настапувале против Пелистер со клубовите каде ги направиле фудбалските и тренерските трансфери. Еден таков пример можевме да видиме и денес. Битолчанецот Вангел Алтипармаковски ја водеше младинската екипа на Работнички во 1/8 финалето од младинскиот куп.

Вангел Алтипармаковски е дете на Пелистер, а веќе 4-та година работи како тренер во младинските категории на скопски Работнички. Тој младинската екипа која ја водеше денес ја води повеќе години, односно кога беа кадети.-Оваа екипа ја водам повеќе години, а денес настапивме против Пелистер со комбиниран состав, бидејќи четворица фудбалери настапуваа, односно се калат во Втората лига, вели Алтипармаковски за екипата која ја води.

Инаку, младинската школа на Работнички била на два пати прогласена за најдобра младинска школа во Македонија.

-Да се биде дел од младинска школа која има вакви епитети е работа која го задолжува секој тренер кој работи таму, а секако и мене како дел од неа. Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме во таков стил и понатаму, додава Вангел.

Алтипармаковски против Пелистер имал досега шест дуели, а во ниту еден од нив не е поразен. Алтипармаковски потекнува од спортско семејство, татко му е познатиот специјалист по спортска медицина Игор Алтопармаковски, а брат му е фудбалскиот интернационалец Марјан Алтипармаковски.