Press "Enter" to skip to content

Општина Битола ја објави програмата за 4-то Ноемвриските прославувања

Општина Битола ја објави програмата за прославување на Денот на ослободувањето на градот, 4-ти Ноември, а свеченото доделување на наградите по тој повод, за годишни остбарувања и за животно дело ќе се случи в недеала на 4 ноемрои во 18,30 во Народниот театар во Битола.

Свеченостите ќе започнат на 1 ноември со Велосипедскиот хапенинг во 12 часот во Градскиот парк, а во 19 часот ќе биде доделувањата на наградите на “Камера 300“.На 3 ноември ќе се одржи традиционалната ноќна атлетска трка по Широк Сокак во организација на Сојузот на спортови од Битола, а и традиционалната ноемвриска ликовна изложба.

На 4 ноември свеченостите ќе започнат со прием на борците од страна на градоначалничката, ќе се полага цвеќе, а потоа ќе се потпише повелбата по повод 50 години од збратимувањето на Битола со Епинал.Свеченостите ќе завршат в понеделник на 5 ноември со јавната дискусија “Европска недела на претриемништвото“ во организација на МКЦ – Битола.