Press "Enter" to skip to content

Реми без голови на младинците во 1/8 од купот против Работнички

Пелистер – Работнички 0:0

Младинската екипа на Пелистер денес одигра реми без голови на Ќумурното игралиште “Павел Шатев“ против екипата на Работнички од Скопје во осмина финалето од младинскиот фудбалски куп.Екипата на Пелистер е една од помладите екипи во младинското првенство на Македонија, а во тимот освен фудбалери родени во 2000 година има и од 2001 и 2002 година.

Тренерот на Пелистер, Спасе Ристевски, за оваа средба и за реваншот во Скопје вели:-Ова се само првите 90 минути, а не очекуваат уште 90 во реваншот во Скопје. Екипата на Работнички е квалитетна младинска екипа, но во никој случај на реваншот нема да патуваме во бело знаме. Нема предавање, туку борба до последната минута. Инаку, што се однесува пак до денешната игра која ја прикажавме јас сум задоволен, но до реваншот ќе поправиме онаму каде можеме, бидејќи има потенцијал во овие младинци.