Press "Enter" to skip to content

Дигитален мамограф ќе набави Клиничка болница преку проектот “HEALTH -INFO“

Клиничката болница Битола започна со реализација на проектот “HEALTH -INFO“ добиен од програмата IPA CBC programming Greece- The FYROMacedonia 2014-2020, програма за меѓу гранична соработка со Република Грција финансиран од ЕУ.

На состанокот во Солун, кој се одржа во рамките на проектот, присуствуваа директорот на Клиничка Болница Битола, д-р Зоран Лазаров заедно со стручниот директор д-р Александар Димовски каде беа договорени проектните активности.Клиничка Болница Битола преку овај проект ќе набави дигитален мамограф  во вредност од 120.000 евра дијагностичка опрема која подолго време е дефицитарна во болницата. Дигиталниот мамограф очекуваме да пристигне во првата половина на 2019 година.

Во рамките на програмата ќе се реализира скрининг на одредени целни групи на пациентки за превенција од карцином на дојка и карцином на матка, а ќе бодат одржани и едукативни семинари како за општата популација така и за локалните доктори во врска со потребите и бенефитите од ваквиот скрининг.

More from ВестиMore posts in Вести »