Press "Enter" to skip to content

Јубилејно 10. издание на фестивалот “Музика од светот“ во организација на Центарот за култура

Центарот за култура од Битола ќе биде домаќин и организатор на интернационалниот фестивал “Музика од светот“ кој оваа година ќе се одржува по 10. пат  јубилејното, од 16 до 18 ноември ќе се одржува во овој град.
Маја Илијевски – Андоновска, директор на Центарот за култура во Битола, рече дека одбележувањето на првата деценија на фестивалот “Музика од светот“ ќе биде во знакот на македонската група “Синтезис“ и неколку групи од Куба и вели:-Подготвени сме за фестивалот кој традиционално го поддржуваат Министерството за култура и општина Битола. Фестивалот ќе почне со македонската група “Синтезис“, а публиката ќе може да види еден џез квартет од македонски музичари, а главна атракција ќе биде групата “Фламенко Екос“ од Куба.
Селекторот на фестивалот Оливер Јосифовски, најави дека учесниците и групите освен со концертни во рамки на фестивалот планирано е да имаат постконцертни настани во неколку кафулина во Битола.
Минатата година фестивалот “Музика на светот“ го отворија групата “Љубојна“ со нивните гости.
More from КултураMore posts in Култура »