Press "Enter" to skip to content

Брзинска трка со велосипеди и Велосипедскиот хепенинг во паркот (фотогалерија)

Во градскиот парк во Битола денес на пладне се одржа велосипедски хепенинг и брзинска велосипедска трка која се возеше низ градскиот парк, со што и официјално започнаа 4-то ноемвриските празнувања.На хепенингот и велосипедската трка учествуваа ученици од сите основно училишта од Битола, а се натпреваруваа во неколку категории.Организатор на овој велосипедски хепенинг и брзинска трка беше велисипедскиот клуб од Битола, “15-ти Мај“, Организатори на хепенингот се Велосипедски клуб „15 Мај“ – Битола во соработка со Велосипедската секција од ОУ „Елпида Караманди“ – Битола, Сојузот на борци – Битола, Црвениот крст – Битола и Здружението на граѓани „Антифа“ – Битола, кој за победниците на трките обезбезбеди медали и дипломи.Пред присутните зборуваше градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која им посака безбедно возење на сите учесници и ги покани сите љубители на овој спорт да се пријават за субвенции за набавка на нови велисипеди, на повикот кој го има објавени општина Битола.Во име на велосипедската федереација на Македонија зборуваше претставникот Сашо Ванчевски.

Велосипедскиот хепенинг, опфати неколку активности, како: интерактивни предавања за историјата на велосипедот и придобивките од активно користење на велосипед, велосипедот и здравствените придобивки, здрава храна и како безбедно да се движиме со велосипед во сообраќајот. 

More from СпортMore posts in Спорт »