Press "Enter" to skip to content

Доделени наградите на 26. интернационален аматерски документарен филм “Камера 300“ (фото)

Вечерва во малата сала на Центарот за култура во Битола беше свечено отворен  26. Интернационален аматерски документарен филм и беа доделени наградите на најуспешните. Жири комисија на 26. Интернационален аматерски документарен филм „Камера 300“ кој го  организира Кино видео клуб “Студио Милтон Манаки“, му ја додели највисоката награда гран-при “Плакета Милтон Манаки“ на прилепчанецот, Љупчо Ристески, автор на аматерскиот документарен филмот „Клучарот Цако“.Плакета за најдобра камера што ја доделува Општина Битола ја доби битолчанецот, Диме Талевски за аматерскиот документарен филм “Москополе денес“. Специјална плакета му беше доделена на младиот битолчанец Христијан Кочовски за филмот “Чифте чамче“ за зачувување на македонското наследство прикажано преку орото “Чифте чамче“.

Наградата “Златната камера 300“ му беше доделена на авторите од Србија Драго Латиновиќ и Илија Галоња за филмот “Зоб“., а “Сребрената камера 300“ за Ема Лазарова за филмот “Никогаш повеќе“ посветен на депортацијата на битолските Евреи. “Бронзена камера 300“ е за фимот “Без смисла“ на Ролф Мандолези од Италија.Златен медал на УНИКА ќе добие филмот “Мојот живот“ на авторот Игор Стојчевски. 

Плаќетата за режија  “Драги Савевски“а доби Радован Челиќ од Србија за филмот “Банатски блуз“. Плакета за монтажа Тоде Љушев за филмот “Держава Вевчани Карневааал’’. Плакета за идеја Петар Узунов за филмот “Жртви на технологијата“, плакета за репортажа Анета Горѓиевска за филмот “Камените кули раскажуваат“.Посебна плакета ќе му биде доделена и на кино-клубот од Прилеп кој има најмногу автори на фестивалот на конкурсот за оваа година.

26. Интернационален аматерски документарен филм за отворен го прогласи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која ја додели и плакетата на општина Битола.„Камера 300“  е поддржан од Агенцијата за филм на РМ и градоначалникот на Општина Битола, фестивалот е  во рамките на 4-то Ноемвриските празнувања.