Press "Enter" to skip to content

Фото вест: изложба на книги по повод 4-ти Ноември во библиотеката

По повод Денот на ослободувањето на Битола, 4-ти Ноември, Националната установа универзитетска библиотека организира изложба на книги посветени на Битола, со што се приклучи во прославата на роденденот на Битола.

Во холот на Библиотеката се изложени книги кои тематски се поврзани со Битола, а ги има монографии, театарски критики, есеи, хронологии…“Битолски регион“, “Манаки и Битола“, “Илинденски денови“, “Битолските евреи“, “Радио Битола“, “Битола низ вековите“, “Димче и Ацо Стефановски“, “Битолијада“, “11 Март“, “Здравството во Битола“, “Адвокатурата во Битола“, “Еден век Црвен крст во Битола“… се само дел изложените наслови на книгите кои можат да ги позајмат битолчани и да прочитаат нешто за Битола.