Press "Enter" to skip to content

Засадено дрво на пријателството помеѓу Битола и Епинал (фото)

По повод Денот на ослободувањето на Битола и по повод 50 години од збратимувањето на Битола и на францускиот град Епинал денес на пладне во катчето “Епинал“ кое се наоѓа во центарот на Битола беше засадено дрво на пријателството помеѓу Битола и Епинал.

Во знак на пријателство дрвото беше засадено од страна на двата градоначалници на Битола – Наташа Петровска и на Епинал – Мишел Хејнриш, во присуство на амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.Претходно во дворот на Општина Битола беше доделен подарокот од Епинал за Битола (кошница за пчели), од страна на градоначалникот на Епинал на градоначалникот на Битола.

Инаку, повелбата за збратимување на Битола и Епинал е потпишана на 2 август 1968 година, од тогашниот претседател на Собранието на Битола – Мито Пејовски и градоначалникот на Епинал -Андре Арган.