Press "Enter" to skip to content

Конституиран Научниот совет на националниот парк “Пелистер“

На конститутивната седница одржана на 2 ноемвр во Битола беше формиран Научниот Совет на Националниот парк “Пелистер“.

Научниот совет го сочинуваат: претседавачот – д-р Љупчо Меловски, редовен професор при ПМФ – Скопје Институт за биологија,  д-р Николчо Велковски, редовен професор на Шумарски Факултет Скопје, д-р Науме Мариноски, редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, д-р Цвете Димитриеска, редовен професор на Технички факултет Битола (заменик претседавач на Наушниот совет) и д-р Марјан Танушевски, претседател на Македонско научно друштво Битола.


Основната задача на Научниот совет на Националниот парк “Пелистер“, согласно членот 135-а од Законот за заштита на природата е да помага во работата на Националниот парк “Пелистер“, особено при донесувањето на Планот за управување и други акти на паркот поврзани со природни, културни, научни, воспитно-образовни и туристичко-рекреативни цели, како и одржување на стабилноста на еколошките процеси и биолошката разновидност на паркот, преку трајно зачувување на репрезентативните физичко-географски региони, биоценози, генетски ресурси, видови, живеалишта и птици, во автентична состојба.